Промотер

„Ај Кју“ ја преработија во поп манир антологиската фолк балада на Виолета Томовска – „Молитва“ (ВИДЕО)

„Ај Кју“ ја преработија во поп манир антологиската фолк балада на Виолета Томовска – „Молитва“ (ВИДЕО)

Македонскиот бенд „Ај Кју“ кој по нивната евровизиска авантура живее и работи на релација Скопје – Лондон се реши на смел чекор да ја препеат антологиската песна „Молитва“ испеана од македонската  фолк пејачка, легендарната Виолета Томовска.

Музиката и текстот се авторско дело на братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, додека аранжманот за оваа верзија го потпишува Роберт Билбилов, во чие студио Бојан и Марија и ја снимија песната.

„Некои песни се предодредени да бидат безвременски, а нас ни претставува голема чест да го продолжиме животот на „Молитва“, да создадеме печат на новото време и да ја запознаеме новата генерација со оваа наша изведба“ – рекоа Марија и Бојан од „Ај Кју“.

Како звучи нивната преработка и поп верзија на антологиската „Молитва“ проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top