Ламбе Алабаковски уште минатото лето од САД се врати во родната Македонија и во неколку наврати изјави дека е особено среќен што е повторно дома и тоа заедно со целото семејство.
Откако се откажа од музиката и замина да живее во Америка каде се занимаваше со транспорт, Ламбе ретко беше активен и на социјалните мрежи, па неговата приватност беше далеку од очите на јавноста.
Сега сите заедно се во Битола, па Ламбе заедно со сопругата Магалена решија на неколу дена пред вториот роденден на синчето Димитриј да му направат и крштевка.
Тато Ламбе го објави овој среќен семеен момент и во коментар цитираше дел од Библијата:
“Вие кои во Христа се крстивте во Христа се облековте”
(Гал. 3:27) Крштевка на помалиот син Димитриј.
Од фотографијата може да се види дека наследниците на пејачот потпораснале, Михаил веќе има седум години, додека Димитриј наскоро ќе наполни две.
Двете дечиња на пејачот и неговата избраничка се родени во Америка.
За потсетување, Ламбе откако е дома, решен е да и се врати на музичката кариера, па најави дека наскоро ќе издаде и нови песни.
фото: Фејсбук принтскрин/Ламбе Алабаковски