Тортата може да се испече од само две состојки – од јајца и чоколадо.
Ви го пренесуваме најлесниот рецепт за вкусен десерт со кој ќе ги изненадите вашите пријатели и семејството.
Состојки:
– 4 јајца
– 250 грама чоколадо
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови.
2. Растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка.
3. Одвојте ги жолчките од белките.
4. Со миксер изматете ги белките од јајцата.
5. Жолчките постепено додадете ги во растопеното чоколадо па се добро измешајте.
6. Во смесата со чоколадото и жолчките внимателно додадете ги и изматените белки.
7. Ставете ја смесата на плех за печење кој претходно сте го намачкале со масло за јадење.
8. Ставете да се пече во рерна околу 30 минути.
9. Послужете откако ќе се излади.
извор: кармин.точка.мк