Промотер

Андријана Јаневска со музичка посвета за загубената мајка… својата, но и сите други со – „Летај“ (ВИДЕО)

Андријана Јаневска со музичка посвета за загубената мајка… својата, но и сите други со  – „Летај“ (ВИДЕО)

Пејачката Андријана Јаневска за крај на 2020-та година, пред само неколку дена ја промовираше песната „Летај“, чиј комплетен автор (музика, текст и аранжман)  е самата таа. Песната е снимена во семејното студио “Гиновски”, а за потребите на истата Андијана ја отсвирела и виолината, додека нејзиниот сопруг, гитаристот  Драган Гиновски ја отсвирел соло гитарата.

„Песната е посветена на мојата мајка Нада, која за жал физички не е повеќе до мене, но секојдневно е присутна во мојот живот. Денес ѝ е роденден и затоа одлучив песната да ја промовирам токму денес. Оваа година беше тешка за сите, но најтешко им беше на оние кои останаа без своите најмили. Тие се нашите бели птици, сакани од овде до вечноста“ – напиша  Андријана во споделениот пост покрај видеото за песната.

Ова е една од оние длабоко емотивни песни кои слушајќи ги сакале или не ќе пуштите солза.

Во продолжение, преслушајте најновата песна на Андријана Јаневска, а истовремено, погледнете го видеото направено од Николина Јаневска, со кое е визуелизирана темата „Летај“.

To top