Живот и Стил

10-те Божји заповеди како совети за убавата жена

10-те Божји заповеди како совети за убавата жена

1. Да немаш други богови и да помниш дека јас ја создадов ЖЕНАТА во која ја вложив целата своја креативна енергија и ангелска чистота.

Немој твојата убави на ја трошиш на готвење по цела вечер. Натерај го мажот да те однесе во ресторан и не се врзувај за фразата што ја рекле дека љубовта на мажот минува низ стомакот. Каква смисла има готвачите да останат без работа, а ти да ја загубиш божествената убавина и грациозност и да личиш на кисела краставица после готвењето. Бидејќи на тебе треба да ти служат и да ти се восхитуваат и секоја твоја потреба да ја задоволат.

2. Не прави идоли, не се занесувај по холивудски убавици, бидејќи секоја убава жена не завидува.

Таа секогаш знае како да одговори и како да го привлече вниманието врз себе, кога и да зборува и кога и да се насмевне. Кога да ја прифати поканата а кога да ја одбие. Убавата жена излегува само со оние кои навистина ја сакаат. Таа знае дека е единствена и неповторлива, и не се плаши од конкуренција.

3. Не изговарај го напразно името на својот Бог, за ништо не се жали и за ништо немој да страдаш.

Убавата жена за ништо не жали, бидејќи секогаш го прави она што е најдобро за неа и ако другите згрешиле, тие се оние кои ќе се состанат со Божјиот гнев. Убавата жена не страда за ништо го пропуштила, бидејќи животот продолжува, а со него и можностите да и се восхитуваат, да ја опсипуваат со ласкање и да ја бомбардираат со љубов.

4. Одморај си повеќе, за да си подолго млада – запамети го саботниот ден, како и неделниот.

За тебе ги измислив козметичките салони и СПА центрите, за да има каде да одиш со пријателките и уживаш. За тебе се чоколадните маски и мирисните кади, зашто ти си мојот цвет во преубавата градина. Тебе те нареков со името Жена, на која и го доверив највредното – да ја создаваш сегашноста и да ја зачуваш иднината раќајки деца, затоа грижи се за своето телото и обиди се да ја зачуваш убавината која сум ти ја дал.

5. Почитувај ги татка си и мајка си, но и свекорот и свекрвата своја, за да се продолжат убавите денови и во двете куќи

И сите тие да те носат на раце и само убави зборови да ти кажуваат – каква убава ќерка сме одгледале, каква чудесна снаа ни се падна, да ни е жива и здрава и многу дечиња да ни роди, многу радости да ни носи.

6. Не убивај со поглед. Тоа е грдо и не ти личи.

Убавата жена не се лути, туку умее да се насмевне убаво, дури и кога и е тешко. Таквата жена е силна и умее да простува.

7. Не прави прељуба.

Од мене да го знаеш, воопшто не вреди, на сите подеднакво сум им дал, но мажите секогаш ќе се тие кои ќе претеруваат во се.

8. Не кради туѓи шминки

Твоите ти се доволни, но да знаеш дека без нив си поубава.

9. Не лажи дека си стигнала до оргазам, бидејќи тогаш љубениот твој ќе престане да се труди.

Убавата жена флертува убаво и умее да извлече корист од секоја ситуација.

10. Не посакувај го дечко на пријателката, ниту нејзиниот автомобил, ниту вилата со базен на море

Не посакувај јахти и апартмани, почекај, наскоро и тебе некој ќе те забележи и тогаш ќе се радуваш и ти на сите овие нешта, но запамети дека сè е привремено и секој накратко се радува на убавите работи на оваа земја.

To top