Тргнувањето на училиште може да биде стресен, но истовремено и возбудлив настан. Посебно за првачињата кои ќе треба за првпат да се сретнат со училишните клупи и официјално да го започнат нивниот образовен процес. Задача на секој родител е да го подготви своето дете за тргнување во училиште. Ние ви нудиме неколку совети што ќе ви помогнат подготовката да ја направите лесно, а вашите ученици со нетрпение ќе чекаат да почне новата учебна година.
1. Разговарајте со детето за идниот распоред што ќе го има – колку часови ќе има, од кога до кога, кога ќе ја пишува домашната задача, кога ќе има слободно време.
2. Прашајте го како се чувствува и разговарајте за тоа што го загрижува и зошто е возбудено поради почеток на новата учебна година.
3. Посетете го училиштето со вашето дете. Убаво би било ако може да ја види својата училница и да ја запознае учителката пред првиот ден.
4. Зборувајте за позитивните аспекти од тргнување во училиште. Дека ќе биде забавно и дека ќе стекне нови пријатели.
5. Кажете му на детето дека е сосема нормално да биде исплашено и возбудено и дека така се чувствуваат сите деца.
6. Оставете му порака во неговиот ранец за да знае дека мислите на него дури и кога не сте покрај него.
7. Уверете го вашето дете дека ако некогаш дојде до некаков проблем во училиште, вие ќе бидете тука да му помогнете да го реши.
8. Настојувајте да ги запознае другарите и другарките од одделението пред првиот ден на училиште. На тој начин веќе ќе има пријатели кога ќе почне учебната година.
9. Би било убаво (ако ја имате можноста во вашиот град) вашето дете да прошета до училиште со некои од школските другарчиња.
10. Најдете активности за после училиште во кои вашето дете ќе сака да се вклучи. Тоа може да биде некој спорт, танц, природни или општествени секции. На тој начин ќе се чувствува како дел од група, како таму да припаѓа.
извор:кафепауза.мк