Исто како што Македонците имаат голем страв од промаја, но ракијата може да го излечи и тоа, така и Холанѓаните имаат свои верувања на кои остатокот од светот се чуди.
Путер од кикирики и помфрит – да!
Путерот од кикирики пристигна на кај нас само откако беше спомената важноста на протеините, како во губење на тежината, така и при вежбањето. Но, Холанѓаните веќе долго време го обожаваат овој кремаст намаз, но не само на леб – тие особено сакаат да го јадат со помфрит и со некое пиво или друг пијалак. Понекогаш додаваат и добар слој мајонез на целата комбинација, и ова чудо се нарекува patatje oorlog.
Кажуваат ако имаш нешто на твоето лице
Црно меѓу забите или нешто на лицето – не грижете се, Холанѓанецот нема да го задржи таквиот срам од вас. Тие се доволно отворени и вербални во врска со целата „грдост“ што може да се најде на нивните лица, затоа не земајте такви забелешки за зло.
Невообичаени честитки
На нивните родендени, секој нов гостин што ќе влезе ги поздравува сите присутни, еден по еден – или со ракување или бакнување за образ, за што може да биде потребно време. После честитките, гостите седат во круг околу масата каде обично нема алкохол,туку само кафе, чај и слатки. Откако ќе помине времето предвидено за дружење, домаќинот учтиво ќе ги потсети гостите дека е време да си одат дома.
Алармот не е причина за паника
Секој прв понеделник во месецот, во Холандија се слуша тест-аларм на кој никој не му обрнува внимание. Паниката во очите е еден од начините на кои може да се разликуваат туристите од Холанѓаните, кои на силен звук остануваат ладни. Времето за загриженост се јавува само ако алармот трае подолго од 90 секунди – тоа значи дека не е тест, туку вистинска опасност.
Навредни зборови
Krijg de klere (заразен со колера) ) ili tyfushond (куче со тифус) се само некои од навредите што можете да ги заработите.
Голема кригла? Не, благодарам.
Иако Холанѓаните можат да пијат, тие сакаат да го прават тоа постепено – тоа е, тие немаат фетиш за огромни чаши од половина литар. Причината за ова не се некои чудни традиционални обичаи, туку практичното размислување дека пивото ќе испари или ќе се загрее.
И каде се завесите?
Во Холандија скоро никогаш нема да видите завеси на прозорците. Имено, Холанѓаните едноставно не ја кријат внатрешноста на својот дом, па минувачите слободно можат да видат што се случува внатре. Работата е во тоа што Холанѓаните не гледаат на другите во домот и не ги интересира што има во туѓиот дом.
Колку луѓе можат да бидат на еден велосипед?
Околу 10 милиони Холанѓани возат велосипеди. Но, велосипедот таму не е само омилено средство за рекреација, туку и превоз до училиште или работа. Исто така, воопшто не е невообичаено да се гледаат родители како носат повеќе од едно дете на велосипед за да ја извршат својата дневна рутина што е можно полесно. Покрај тоа, на Холанѓаните не им е потребен шлем на велосипед, а еден од аргументите е дека дури и пешаците не ги носат.
Огномети
Холанѓаните обожаваат огномет и едвај чекаат да прославуваат. Додека во повеќето земји на децата им е забранет пристап додека возрасните се забавуваат со огномети, во Холандија децата се добредојдени и од рана возраст учат како да користат пиротехника.
Папочната врвца се сече дома
Бремените жени во Холандија не се мачат да бидат пренесени во болница затоа што сакаат да раѓаат дома. Тие брзаат во болница само во случај на комплицирана бременост, но ако сè оди добро, најдобро е да се породат во топлината на сопствениот дом.
извор: Kафепауза