Живот и Стил

10 начини како го комбинираме омиленото „молив“ здолниште во пролетни аутфити

10 начини како го комбинираме омиленото „молив“ здолниште во пролетни аутфити

Дамско, елегантно и мултифункционално, „молив” здолништето си има свое место во плакарот на речиси секоја дама.

Наоѓа своја примена во различни ситуации, од деловни до свечени, па имајќи го тоа на ум, ова парче секогаш е вредно за инвестиција. Кога моделите се во прашање, навистина има што да се бира.

„Молив” здолништа од тантела, со принтови, дезенирани или монохроматски.

Совршено се вклопуваат во пар со елегантна кошула, краток топ и блејзер, но и со обична маичка за секојдневни прилики. Издвоивме 10 интересни начини, како оваа пролет да го комбинирате омиленото „молив” здолниште, а притоа да изгледате шик, тренди и женствено.

To top