Живот и Стил

10 начини како да го намалите ризикот од рак во организмот

10 начини како да го намалите ризикот од рак во организмот

Многубројните истражувања за оваа смртоносната болест утврдиле неколку начини и навики преку кои ќе ја намалите појавата на рак.

1.Откажете ги цигарите

Пушењето го оштетува скоро секој орган во вашето тело. Тоа доведува до појавата на повеќе видови рак, меѓу кои и рак на грлото на матката, хранопроводот, бубрезите, устата, белите дробови, панкреасот, грлото. Џвакањето тутун го зголемува ризикот од рак на хранопроводот, устата, панкреасот и грлото.

Откажувањето на цигарите е првото нешто што треба да го направите за да го намалите ризикот од рак.

2. Одржување нормална тежина на телото

Дебелината е причина за многу болести. Дебелината може да предизвика рак на дојка, дебело црево, бубрези, хранопровод и стомак. Докажано е дека жените со прекумерна тежина потешко можат да го победат ракот на дојка, отколку жените со нормална телесна тежина.Затоа хранетесе здраво и одржувајте ја нормалната телесна тежина.

3.Бидете активни

Здравото тело не се одржува само преку храната. Најважен дел во одржувањето здраво тело и намалувањо на шансите од рак е редовната активност.

Потребно е да имате активен живот и да вежбате најмалку 30 минути три пати неделно. Колку повеќе вежбате, толку поголема заштита си обезбедувате.

4. Заштитете се од сонцето

Изложеноста на сонце го зголемува ризикот од рак на кожа. Всушност, изложеноста на сонце е главен виновник за скоро сите случаи на рак на кожата, вклучително и меланомот. Затоа, не ги игнорирајте предупредувањата на експертите за заштита од сончевите зраци.

5.Намалете го алкохолот

Ризикот за рак на уста, дојка, грло, хранопровод, бубрези и џигер се зголемува со големото количеството алкохол кое го консумирате.Па затоа, не практикувајте да пиете повеќе од 3 чаши алкохол неделно

6. Здрава исхрана

Насочете се кон здрава храна богата со витамини, минерали и растителни влакна. Конзумирајте многу овошје и зеленчук за да го намалите ризикот од рак. Истражувањата покажуваат дека јајцата можат да го намалат ризикот од појава на рак на дојка. Исфрлете ја мрсната исхрана од вашето мени и живејте поздраво.

7. Зелен чај

Зелениот чај е богат извор на антиоксиданси. Лонсумирањето на овој моќен пијалок заштитува од неколку видови рак, како рак на стомакот, кожата, хранопроводот, простатата и панкреасот. Барем една чаша зелен чај дневно го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови за 5 пати.

8. Заштита од штетни супстанции

Внимавајте на изложеноста на пестициди и други штетни супстанции како азбест и радон.

9. Избегнувајте да дишите штетни гасови

Издувните гасови од превозните средства го зголемуваат ризикот од рак на бели дробови, но и од рак на дојка. Секогаш кога ќе заглавите во гужва, затворете го прозорецот на вашиот автомобил. Кога се движите пешки, избирајте ги помалку прометните улици.

10.Стресот е ваш непријател

Кога телото е под стрес создава хормони кои влијаат штетно врз здравјето и го зголемуваат ризикот од рак. Затоа хранете се здраво, вежбајте и пијте течности за подобрување на здравјето и расположението.

извор:скопје24.мк

To top