Ѕвездата на „Беверли Хилс, 90210“ Шенон Доерти поднесе барање за развод од Курт Исвариенко. Барањето го поднела во петокот, а нивниот брак заврши по 11 години.
Разводот за „Ју-Ес-Еј Тудеј“ го потврдила нејзината претставничка Лесли Слоун.
– Разводот е последното нешто што го посакуваше Шенон. За жал, таа чувствуваше дека нема други опции. Можете да контактирате со агентот на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вклучена во ова, накратко рече таа, со што сугерираше дека причината за разводот е друга жена.
Во петокот, Шенон објави фотографија на Инстаграм на која пишува:
– Единствените луѓе кои заслужуваат да бидат во вашиот живот се оние кои ве третираат со љубов, добрина и целосна почит.
Според TMZ, Шенон и Курт се разделени оттогаш, а како што велат изворите, актерката поминува низ многу тежок период. Здравјето и е полошо, а не и помогна ниту разводот. Патем, на Доерти и беше дијагностициран рак на дојка во четврта фаза во 2020 година. Таа еднаш изјави за списанието „People“ дека бракот на неа и Курт се подобрил поради ракот. Ракот не направи посилни“, изјави тогаш таа и додаде дека повеќе се ценат.
Фото: Принтскрин/Профимедиа