Зорица Марковиќ важи за некој што нема влакна на јазикот, а овој пат без извинување ја задеваше колешката Лепа Брена.
Имено, кога гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ од неа беше побарано да открие кој е најголемиот стипса во емисијата, на што Зорица како од ведро небо одговори:
-Најголемата стипса во емисијата е Лепа Брена, таа никогаш не ми платила за пијалок… А и Милош Бојаниќ – рекла Зорица, по што во студиото настана молк.
Инаку, претходно се пишуваше дека Брена е некој што има „змија во џеб“, а Лепи Миќа во една прилика во реално шоу истакна дека мисли дека Лепа Брена, како и Милош Бојаниќ, е голема стипса. .
– Многумина се коцкаа, пиеја и трошеа. Милош не. Домаќинство. Но, најголеми стипси се Лепа Брена, Милош Бојаниќ, Митар Мириќ, Шако… Најголемиот крал е Џеј, госпоѓо – рече тогаш Миќа.
фото:Ало илустрација/Инстаграм принтскрин