Пејачката Зорица Брунцлик има голем повод за славење. Таа по седми пат стана баба на уште едно внуче.
Зорица ја потврди оваа радосна вест за медиумите и гордо откри како поминало породувањето, од кој пол е бебето и како се пораѓала.
– Да, точно е, се породи ќерка ми. Станав баба по седми пат! Присуствував на породувањето, како и секој пат досега, се помина добро! Пресреќни сме, ви благодариме за честитките – љубезно рекла Зорица за „Пинк“.
Па подоцна се пофали и на нејзиниот Инстарам профил каде го објави и името на внуката.
– Ни пристигна Даница. Седмо внуче на баба и дедо!
Миљана е ќерка на Зорица од првиот брак, но Кемиш отсекогаш ја сметал за свое дете. Затоа бил многу расположен, а откриле и дека поради овој убав настан ќе има голема прослава во нивното семејство.
– Вистината е! Се роди нашето седмо внуче Даница. Ќе имаме семејна веселба. Како да кажам, многу сум среќен што станавме баба и дедо. Ви благодарам уште еднаш за честитките – изјавил тој за „Србија Данас“.
Фото: Принтскрин/Петар Алексиќ/Антонио Ахел