Радио Милева
научила многу од него

Зорица Марковиќ откри детали за Тома Здравковиќ: Најголемиот хит бил наменет за неа! (фото)

Зорица Марковиќ откри детали за Тома Здравковиќ: Најголемиот хит бил наменет за неа! (фото)

Зорица Марковиќ гостуваше во една емисија и изјави дека ја имала честа да го познава Тома Здравковиќ за кого вели дека го гледала како икона.

– Мојата прва турнеја беше во Мостар со Том, тогаш бевме 20-тина и сите беа ѕвезди. Тоа беше голема чест за мене. По концертот одевме во кафеана што ќе ја одбере тој, а јас го гледав како икона. Јас му бев како дете. Впивав како работи, како живее. Се случуваше и да ги потрошиме сите пари. Тој човек никогаш повеќе нема да се роди – изјави Зорица.

Зорица  откри дека песната „Шта че ми живот“ првично била наменета за неа.

– Се сеќавам на една кафеана некаде кај Шид, каде што пеевме. Тој ја компонираше песната „Шта че ми живот без тебе драги“, тој ме покани и морам да кажам дека таа песна е напишана за мене, наменета е за мене. Кога заврши турнејата, тој и ја даде песната на Силвана. Ниту еден момент не зажалив, песната отиде во вистински раце и многу ми е драго што песната отиде кај неа. Имаше посебни чувства кон неа – изјави Зорица.

Фото:Принтскрин/Часлав Вукојичиќ/Јутјуб

 

Останати вести од Радио Милева