Зорица Брунцлик одбележа пет децении од нејзината кариера и го доби оскарот на популарноста за „Концерт на годината“ (фото)

7 Дек , 2022 Радио Милева

Зорица Брунцлик одбележа пет децении од нејзината кариера и го доби оскарот на популарноста за „Концерт на годината“ (фото)

Со настапот на Ташмајдан, Зорица Брунцлик прослави пет децении од својата кариера и постави нови стандарди кога е продукцијата во прашање, а и шест месеци по дружењето со публиката, реакциите не се смируваат, па легендарната пејачка се закити со Оскар – награда за популарност – „Концерт на годината“.

Со директен пренос, најпопуларната пејачка ја доби награда за која призна дека многу и значела.

Отсекогаш сакав адекватно да и се заблагодарам на публиката за поддршката и љубовта што ми ја даваат и затоа секогаш се трудев моите концерти да бидат посебна атмосфера за нив. Мило ми е што го препознаа, па оваа година го добив ова признание благодарение на нивните гласови во силна конкуренција – изјави Зорица, која не беше единствената од семејството крунисана со награда. Така, виртуозниот инструменталист, прокусент и композитор Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш доби посебно признание за неговиот севкупен придонес во музиката на овие простори.

Фото: Принтскрин/Горан Јовановиќ

, , , , ,


Comments are closed.