Радио Милева
сите мажи на пејачката

Зорица Брунцлик може да се пофали со богата кариера но, богат бил и нејзиниот љубовен живот (фото)

Зорица Брунцлик може да се пофали со богата кариера но, богат бил и нејзиниот љубовен живот (фото)

Пејачката Зорица Брунцлик може да се пофали со многу богата кариера, а многу богат бил и нејзиниот љубовен живот со оглед на тоа што се мажела четири пати.

Таа денес ужива во бракот со четвртиот сопруг Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиша, а двајцата важат за еден од најхармоничните парови на сцената. Од нивната љубов се роди ќерката Злата, која работи како стилист.

– Мојот брак е како и секој друг, но јас сум мудра жена. Молчам кога треба да молчам и кажувам нешто кога треба. Тоа го одржува мојот брак и добивам се што сакам – признала Зорица. Сепак, пред него таа не беше најсреќна кога е љубовта во прашање. Имено, нејзината ќерка Марија ја добила во вонбрачна заедница кога имала само 18 години.

Во бракот со хармоникашот Зоран Тутиќ, првиот сопруг на пејачката, Зорица го добила синот Ѓорѓе Тутиќ, кој сега е оженет и има две деца.

Но, овој брак не траеше долго, а Зорица за среќа најде уште еден хармоникаш – Љуба Кешељ. Со него ја добила ќерката Миљана, која наводно музичарот никогаш не сакал да ја признае.

– Кога се омажив по втор пат, родив ќерка, Миљана, чиј татко изгледа престана да ги сака и своето дете и мене во исто време… Миљана немаше среќа со нејзиниот татко, кој престана да се гледа кога имала само шест години – изјавила Зорица за медиумите.

Фото: Принтскрин/А.Славковиќ/Гранд

Останати вести од Радио Милева