Промотер

Зоран Илиев и Анабела Атијас со „Од утро до вечер“ – победничката песна на „Макфест 2017“

Зоран Илиев и Анабела Атијас со „Од утро до вечер“ – победничката песна на „Макфест 2017“

Како што е веќе познато, штипјанецот Зоран Илиев и популарната спрска пејачка Анабела Атијас  победија на  годинешното издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2017“,кој традиционално се одржа  во Домот на културата „Ацо Шопов“ на 5, 6 и 7 октомври во Штип.

Нивниот дует насловен „Од утро до вечер“, освен што беше победник и во првата полуфинална вечер, собра најголем број гласови од публиката и во финалето, што им донесе награда од 5.000 евра во денарска противвредност, а за време на победничкиот настап Илиев рече дека дел од парите ќе ги донира во хуманитарни цели.

Инаку, ова е втора победа за штипјанецот, кој претходно триумфираше на фестивалот во 2011 година со темата „Ангели и демони“, а за Анабела ова беше првпат да запее на македонски. Победничката композиција инаку е авторско дело на Стојанче Аврамов, кој се потпишува на музиката и текстот, а аранжманот го направи Зоран Алексиќ.

За сите оние што не го проследија  „Макфест 2017“, еве уште едно потсетување на победничката песна, овој пат во нејзината оригинална – студиска верзија.

 

To top