Радио Милева летај, небото е твое...

Тажен ден за Зоки – Фаци, остана без најмилата личност во животот, неговата мајка: „Во мене постои болка… извини за се’“ (ФОТО)

Тажен ден за Зоки – Фаци, остана без најмилата личност во животот, неговата мајка:  „Во мене постои болка… извини за се’“ (ФОТО)

Познатиот естраден новинар и ТВ водител Зоран Василевски – Фаци вчера, 13 јули 2023-та на неговиот профил на Инстаграм сподели тажна вест… Тој на  своите следбеници и воопшто на јавноста и сподели дека неговата мајка Пандора починала…

Зоки посвети неколку „стори“ објави по повод ненадоместливата загуба, на кои напиша потресни зборови кои ги растажија сите, особено оние кои одблизу го познаваат.

„Утрово се збогував со мајка ми. Замина во вечноста, таму кај татко ми. Летај Пандора, небото е твое“ – стои во неговата прва објава за тажната вест.

„Јас мајка ми ќе ја испратам утре, онака гордо, со крената глава, достоинствено како што и доликува на дама. Таа ме сакаше дотеран, па така и ќе биде. А, ќе плачам другпат“ – објавил понатму Василевски.

Во емотивното обраќање до јавноста, на крајот упати благодарност до вработените во Домот за стари лица каде што неговата мајка престојувала и ги минала последните денови од животот.

„Многу тага имаше во мене кога се видовме последниот пат, но со вас знаев дека не е сама“, пишува Зоки, па неможејќи да ја сокрие тагата и болката, длабоко во тешката непреспиена ноќ, уште еднаш јавно ги искажал  своите чувства, барајќи последна прошка од неговата почината мајка со зборовите:

„Во мене постои болка…Извини за се’“!

Нека и е светол патот, искрено сочувство до колегата и семејството.

Фото: Инстаграм/zokifaci

 

To top