Радио Милева

Знам која колешка му се „пушта“ на Харис: „Моите солзи ќе го стигнат“ – Рада откри дека има непријателка од естрадата!

Знам која колешка му се „пушта“ на Харис: „Моите солзи ќе го стигнат“ – Рада откри дека има непријателка од естрадата!

Српската пејачка Рада Манојловиќ не е од оние естрадни личности кои сакаат да заобиколуваат новинарски прашања со дипломатски одговори. Во едно поново интервју за српски магазин ја прашаа како би реагирала кога Харис би ја изневерил со колешка:

-Уф, тоа многу би ме повредило. Не знам што би му рекла или направила. Не сум личност што се осветува, но сигурно нешто лудо ќе ми падне на памет. Мислам дека моите солзи би го стигнале, вели таа.

Со оглед на работата со која се занимаваат, Рада додава дека нејзиниот сакан не е љубоморен.

-Не е. Можеби звучи неверојатно, бидејчи е млад, но е сигурен во себе. Има доста колешки кои му се„ пуштаат“, дури ми призна и која му се додворува. Мило ми е што им е убаво во негово друштво. Но, затоа пријателите држи ги близу, а непријателите уште поблизу, заклучува пејачката.

To top