Индира Арадиновиќ Инди јавно им се обрати на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм каде им испрати порака на сите мажи кои се обидуваат да ја освојат.
Пејачката во својата приказна истакна дека не е расположена за комбинации, особено не со луѓе кои ја потценуваат нејзината интелигенција.
„Мажи, повеќе ме нервирате со вашето додворување, на кое немам реакција, не сум расположена за никакви комбинации или како што викате „љубов“. Бла, бла, трук, вашиот ситен кеш, не сум желна за вашите ласкања. Знам дека сум ви секси и неодолива, но пред се сум многу паметна и не се обидувајте да ја потцените мојата интелигенција“, започна Инди, а потоа продолжи:
„Ја почитувам сечија професија и позиција, но не потпаѓам на класичен маж кој ми кажува три убави зборови кои ги знам напамет. И не читам стари весници. Нека се знае!“
Пејачката јасно стави до знаење дека ужива да биде сама, па објасни какви мажи сака.
„Најмногу уживам во себе и во шармите што ми ги дал Господ, а тоа се здравјето и убавината! Фала му за се! Не можам да одговорам на сите поединечно, па така ми е полесно! П.С. Паѓам на паметен, згоден, харизматичен, слободен, семејно ориентиран и да не е лесен“, заклучила Инди на својот Инстаграм профил.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Инди