Фолк ѕвездата Јасна Миленковиќ Јами гостуваше во емисијата „Пусти бригу“ каде се осврна на бакшишот на музичарите и неодамнешните изјави на некои луѓе, како што тврди, дека е срам и понижување да се земе бакшиш.
– Прочитав дека некои поединци изјавиле дека бакшишот е катастрофа, дека е понижување, дека не треба да се зема. Прво, бакшишот го даваат луѓето затоа што тоа е во нашата традиција. Никој не дава бакшиш затоа што другата страна е во неволја или е корумпирана. Кога влегувам во кафеаната знам не да оставам бакшиш, туку се што сум заработила и да оставам само 1000 динари за такси да си одам дома – кажа Јами и додаде:
– Што прават луѓето во Грција? Па, ги имаат тие корпи со цвеќе што чинат и тие цвеќиња ги фрлаат во чест на пејачот од почит. Тоа чини пари, а сега замислете пејачот кога му ги фрлаат тие цвеќиња да рече „не ме понижувај, не фрлај ми ги“. Мислам, тоа навистина би било скандал.
Фото: Printskrin/Instagram/jamiofficial