Шеф Марк де Јонг поради својот шарм, талент во кујната и духовитост пред камера, е омилен кај многу дами од различни генерации, но тој освен што е вистински џенталмен со нив, уште поголем романтичар е со својата сопруга Василка.
Тој вели дека и готви дома и на својата сакана, но таа сепак е главна во кујна.
Често знае да ја поздрави и пред камери, да ја пофали и поласка. Освен тоа г-ѓа Василка не ретко е со својот харизматичен сопруг на разни гастрономски настани и саеми, каде го поггржува и му прави друштво, а пак тој знае да и возврати со страст од љубовта врска како да се на почетокот.
Имено, деновиве Марк ја однесе својата Василка до Охридско езеро, а таму како вистински романтичар ја фати за рака и се прошетаа како вљубена двојка на која секој би се воодушевил.
Сигурно и вие сте помисиле колку е убаво и емотивно кога не само младите двојки, туку и оние во брак знаат да ја негуваат врската и бракот токму на ваков начин.