Убава, талентирана, а сиромашна – вака некогаш српските медиуми ја опишуваа пејачката Александра Пријовиќ.
Денес, таа е една од најпознатите српски пејачки и идна сопруга на Филип Живојиноќ и член на семејството на Боба и Лепа Брена.
Српскиот таблоид Блиц, своевремено пишуваше за деталите од приватниот живот на пејачката пред да стане позната и да започне друг живот.
Имено, Александра растела во тешка сиромаштија, за што проговорил и нејзиниот дедо.
Тој открива дека Александра останала сама со мајка си, кога татко и ги напуштил уште додека била бебе, па не успеала да заврши ниту средно училиште.
Мајка и пеела по кафеани, додека дедо и бил во затвор поради убиство.
Денес, Александра го издржува татка си, а ги плаќала и долговите на нејзиниот дедо. Но, сепак животот за неа имал друг план.
Започна кариера која засега и оди одлично, го најде Филип, се засакаа, а наскоро ќе му стане и сопруга.
Затоа не случајно медиумите знаат да ја наречат и пеперутка.