Во текот на последните години често може да видиме фотографии од Кејт Мидлтон на разни кралски случувања. Дали знаете како изгледал нејзиниот живот пред светската слава?
Пред да оди на факултет, каде го запознала сопругот, Кејт одлучила една година да направи пауза, а тоа време го искористила за да патува низ светот, па најмногу била во Чиле и Италија.
Откако во 2005 година дипломирала историска уметност, Кејт работела за своите родители. Во заедничкиот бизнис била задолжена со дизајнирање и продукција на каталог, но и маркетинг и фотографија.
Подоцна, се преселила во Лондон каде на пола работно време работела во продавница за детска облека.
Поранешната сопственичка на овој дуќан изјавила како Кејт се однесувала многу зрело и паметно.
Подоцна се откажала од работата под изговор дека сака време за себе, но се шпекулирало дека сака фотографска кариера.
Кон крајот на 2010 година кога Вилијам и Кејт објавија дека се свршиле таа изјави дека се чувствува многу нервозно, но дека е подготвена да учи и да работи вредно.