Промотер

Живе Мешуревски ќе ве воведе во „1001 ноќ“ на македонски начин (ВИДЕО)

Живе Мешуревски ќе ве воведе во „1001 ноќ“ на македонски начин (ВИДЕО)

„Илјада и една ноќ, љубов барам, љубов стара, таа в срце што ми остана“ – ова се стиховите преку кои нова ѕвезда на македонското музичко небо освен што бара стара љубов, трасира и пат по кој планира во иднина да гради музичка кариера. Музиката ја напиша  Дејан Момировски, стиховите Борче Нечовски, а ги отпеа Живе Мешуревски. Уште еден студен од Музичката академија во Скопје кој што почнал со хармоника, продолжил со пијано, за да денес во класата на професорот Горан Начевски, студира соло пеење. Овие денови теоретскиот дел на своето знаење го поткрепи и со песна насловена „1001 ноќ“.

„Класичната музика е моја прва љубов и таму одлично се снаоѓам, но една ваква песна е моја дамнешна желба. Го сакам македонскиот фолклор, богат е со емоции, со звуци, со ноти…со кои што јас живеам целиот свој живот. Нема да застанам тука, песните ќе се редат во низа се до снимањето албум. Дотогаш, останувам посветен на музиката, но и на оној теоретскиот дел на Факултетот за Музичка уметност„ – вели Мешуревски.

Мешуревски е популарен баритон низ битолските музички кругови, од каде што почнало и неговото музичко образование. Генерациите кои што минуваат низ ова училиште, се сеќаваат на неговите изведбите на Моцарт и Чајковски. Освен што редовно настапува пред македонската публика, Мешуревски не ретко е надвор и од границите на Македонија.

За „1001“ ноќ продукцијата ХЛ Момировски сними и видеоспот во кој покрај Живе, се појавува и атрактивната девојка Мила Николовска.

Проследете во продолжение како сето тоа звучи и изгледа:

To top