Радио Милева приватен рај

Ѕирнете во луксузниот стан на Ана Николиќ вреден 250 илијади евра (фото)

Ѕирнете во луксузниот стан на Ана Николиќ вреден 250 илијади евра (фото)

Ана Николиќ живее заедно со својата ќерка Тара во простран и луксузен стан, а на прв поглед е јасно дека посветила многу време и внимание во уредувањето на ентериерот.

На таа адреса порано живеел нејзиниот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста, но по разводот станот станал „империја за девојки“.

Во домот на познатата пејачка доминираат светлите тонови: бела, розова и крем, а удобните кадифени софи и меките теписи се одлично игралиште за нејзиното девојче.

На самиот влез, наместо вообичаениот паркет, поставени се плочки, што многу го олеснува секојдневното одржување. Во дневната соба, веднаш под телевизорот со голем екран, има вграден камин, кој на собата и дава посебен шарм.
Од двете страни се поставени вградени полици каде свое место најдоа бројни книги, но и интересни украсни детали. Посебен впечаток остава луксузен лустер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Покрај гардеробата поставена во ходникот, вградено е огромно огледало, кое, очигледно, е последниот „критичар“ на Ана пред да излезе од дома.

Најубавото катче во станот е, без сомнение, собата на Тара, од која ниту една мала принцеза не би се срамела.
Станот во кој живее сама го купила и за него платила, како што пишуваат медиумите, 250.000 евра.Има две спални соби, дневна, голема тераса, гаража, како и приватно обезбедување бидејќи покрај удобност , безбедноста и е најважна.

фото:Instagram

To top