Радио Милева

Жирито беше воодушевено: 60 годишниот Гоце од Гостивар „растури“ во „Никогаш не е доцна“ (видео)

Жирито беше воодушевено: 60 годишниот Гоце од Гостивар „растури“ во „Никогаш не е доцна“ (видео)

Неодамна започнаа новите сезони на регионалните музички шоу, а меѓу нив и „Никогаш не е доцна“.

Во  првата емисија на ова музичко шоу имаше многу кандидати кои успеа да го покажат својот талент.

Меѓу нив беше и 60 годишниот Гоце Нестороски од Гостивар. Тој истакна дека долго време се занимава со музика и дека свири на хармоника, а сега одлучи да се претстави и на сцената на Гранд.

Тој се претстави со песната „Скитница“ од Маринко Роквиќ, а жирито беше воодушевено од неговата изведба.

„Јас ништо не би додала, ниту би одземала.Уживав 3ипол минути“, истакна Тијана Дапчевиќ.

Погледнете го настапот на Гоце на 1:09, а можеби и тој ќе биде следниот победник на ова музичко натпреварување.

За потсетување, претходната сезона победи Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран.

To top