Неодамна започнаа новите сезони на регионалните музички шоу, а меѓу нив и „Никогаш не е доцна“.
Во првата емисија на ова музичко шоу имаше многу кандидати кои успеа да го покажат својот талент.
Меѓу нив беше и 60 годишниот Гоце Нестороски од Гостивар. Тој истакна дека долго време се занимава со музика и дека свири на хармоника, а сега одлучи да се претстави и на сцената на Гранд.
Тој се претстави со песната „Скитница“ од Маринко Роквиќ, а жирито беше воодушевено од неговата изведба.
„Јас ништо не би додала, ниту би одземала.Уживав 3ипол минути“, истакна Тијана Дапчевиќ.
Погледнете го настапот на Гоце на 1:09, а можеби и тој ќе биде следниот победник на ова музичко натпреварување.
За потсетување, претходната сезона победи Добрила Ивановска Чабриќ од Дојран.