Радио Милева кога песната ќе те погоди...

Жика Јакшиќ, водителот на шоуто „Никогаш не е доцна“ раскажа како и зошто завршил со расцепена глава: Заради девојка, го носеле „на шиење“ во болница!

Жика Јакшиќ, водителот на шоуто „Никогаш не е доцна“ раскажа како и зошто завршил со расцепена глава: Заради девојка, го носеле „на шиење“ во болница!

Продуцент на „Гранд“ и водителна музичкото  шоу „Никогаш не е доцна“, шармантниот Жика Јакшиќ раскажа како и зошто завршил со расцепена глава заради девојка.

„Требаше да заминам војска за два дена, а пред тоа раскинав со мојата девојка, а каква љубов беше тоа. Отидов во кафеана и кога започна песната од Тозовац „Уште не е готово“, го зедов шишето и си го искршив од главата“ – се присети Јакшиќ и додаде:

Крвав, ја исеков аркадата, но не престанав да пејам. За жал, каква будала бев, ама тоа беше многу голема љубов. После тоа ме однесоа на шиење, па отидов во војска со модринки конци“ – додаде Жика во емисијата „Никогаш не е доцна“.

Да ве потсетиме, водителот на емисијата „Никогаш не доцна“ има два сина! Покрај Душан, кого го доби од бракот со водителката Дијана Пауновиќ, Жика има и син од првиот брак, Андрија, кој живее и работи во Германија, каде што живееше и самиот Жика со години.

To top