Продуцентот на „Гранд“ на снимањето на „Никогаш не е доцна“ им порачал на луѓето да не ја покажуваат својата насмевка ако не е убава.
Жика Јакшиќ забранил на публиката во „Никогаш не е доцна“ да се смее затоа што како што вели „немаат заби“.
Една повозрасна госпоѓа која со години е дел од публиката се пожали дека продуцентот ја категоризира публиката на основа на физичкиот изглед.
Освен тоа што им кажува кога да се смеат, тој им и диктира и многу други работи.
„Секогаш ни кажува како да седиме, да стоиме, кога да станеме, да играме. Се тоа е океј, ние сме платени. Меѓутоа, во последната емисија која ја снимивме навреди неколку колеги од публиката“ вели жената и додава:
„Прво ни кажа кога е некоја весела песна, да станеме да играме, па да викаме „никогаш не е доцна“ и ни кажа повеќе да се смееме. Ние тогаш почнаваме да се смееме, а тој ни порача: „Добро, немора сите да се смеете, не мора вие кои немате заби да го уништувате кадарот“. Повеќето луѓе се пензионери и немаат пари. Немаат пари и за некои посериозни работи, а не пак да средат заби“ вели госпоѓата.
Секако, овие зборови на Јакшиќ нема да бидат емитувани на телевизија.
Жика за курир.рс истакна дека само се шегувал со публиката и дека имаат посебен однос.
„Тоа е шега, јас со нив така се шегувам. Им велам: „Ајде смејте се, кој нема заби нека не се смее“: Не сакав да навредам никој, дури и тие смејаа. Ние секогаш се шегуваме и тие го прифаќаат тоа“, вели Жика.
За потсетување, во последната сезона на „Никогаш не е доцна“ победија Ленче Кукиќ и Бејхан Рамов.