Радио Милева дел од жирито

Жика Јакшиќ ја бакнуваше пред камери и ја нарече своја девојка: Добрила Ивановска Чабриќ повторно во „Никогаш не е доцна“ – „Од тебе не можам да мрднам“ (видео)

Жика Јакшиќ ја бакнуваше пред камери и ја нарече своја девојка: Добрила Ивановска Чабриќ повторно во „Никогаш не е доцна“ – „Од тебе не можам да мрднам“ (видео)

Во емисијата „Никогаш не е доцна“  на изненадување на многумина првпат во жирито се најде и победничката на истоименото шоу, Македонката Добрила Ивановска Чабриќ.

Добрила беше дел од музичкото шоу и освои двојна победа односно од публиката и жири комисијата. Таа со својата енергија на 92 години ја освои публиката во регионот.

Во недела започна и вториот круг на музичкото шоу, а во жирито освен Саша Милошевиќ Маре ќе се најдат и Урош Живкововиќ, како и Добрила Ивановска Чабриќ која Жика во една прилика ја нарече своја девојка.

-Дали имаш додворувачи?, го интеренсираше Жика, а Маре додаде: „Јасно е дека ова е отворена врска“.

-Имам од Австрија, Белград…но знаеш што, ти многу ми ја расипуваш работата затоа што ми велат – „ќе те кажам на Жика“, ма не смеам да мрднам, порача Добрила.

За потсетување, неодамна Жика истакна дека во „Никад није касно“ имало многу кандидати, но дека Добрила оставила посебен белег.

-Има многу кои оставија посебен впечаток, но би ја издвоил Добрила Ивановска Чабриќ кој на 91 година дојде до самото финале. Неодамна имаше несреќа бидејќи жената вози сама на 93 години, но полека оздравува. Немам многу време да се слушнам со сите, но одвреме – навреме знаеме да си пишеме пораки, да си ги честитаме празниците. Ете и се восхитувам на Добрила и на целиот нејзин живот. Таа е мој идол и сакам и јас така да живеам на 90 години“,  вели Јакшиќ.

Најавата за новата емисија погледнете ја во видеото подолу.

фото: З.К Муња/Л. Цветковиќ/принскрин/јутуб

To top