Доскорешната ТВ водителка, сега инфлуенсерка, Елена Стефановска, која стана позната по емисијата „Живот со стил“, уште рано почна да „бомбардира“ со воодушевувачки летни фотографии, пред календарски летото и да започне, но сега веќе кога високите летни температури се тука, таа со задоволство замина да ужива на море.
Елена овој пат одмора кај јужниот сосед, а локацијата на која летува веднаш ја откри на социјалните мрежи, покажувајќи едно од најлуксузните и најубавите места фотографирано од барот Акинос.
Таа на следбениците освен што им ја претстави песочната плажа на која што се наоѓа им испрати и летен поздрав со доза на елеганција покажувајќи им како се подготвила за вистински летен одмор.
„…И животот е лесен“ – ја надополни објавата на која големо внимание привлече нејзиното лежарно издание на косата која ја собрала во опуштен стил што не е чест случај.
Но, нејзините позитивни вибрации ги пушти на најјако на зајдисонце кога се посвети само на себе си, без да размислува апсолутно на ништо!
„Си ги слушам брановите со музиката, си пијуцкам аперолче, си гледам во зајдисонце и не размислувам апсолутно за ништо“ – стоеше во описот на објавата на нејзиниот Инстаграм профил.
Ослободена и раскомотена Елена повторно докажа дека знае и умее како целосно да јаакумулира сета морска енергија која на сите ни е потребна и за здраво тело и здрав дух.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Живот со стил