Некогаш најплатената манекенка во светот Жизел Бундшен уживала на одмор со својата ќерка во Костарика.
Откако пред неколку години се повлече од модните писти, бразилскиот топ модел Жизел Бундшен го живее животот максимално.
Некогашната најплатена манекенка на светот е фотографирана во Костарика со ќерката Вивиен додека уживаат на плажа.
Жизел, за разлика од многумина, не лежеше на сонце, туку беше уловена од папараците како јава по брановите на даска за сурфање.
Инаку, Жизел пред една година се разведе од поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди, со кој има две деца. Манекенката и спортистот беа во брак 13 години, а медиумите шпекулираа дека парот се разделил затоа што Брејди не сакал да се откаже од кариерата.
По разводот, медиумите ја поврзуваа Жизел со различни мажи, а последен во серијалот беше милијардерот Џефри Софер, кој поседува луксузни синџири на хотели и е добар пријател на Брејди.
фото:Инстаграм принтскрин/Профимедиа