Радио Милева младост - лудост

„Жена на една ноќ“: Гоца Тржан призна дека ги изневерувала момчињата (фото)

„Жена на една ноќ“: Гоца Тржан призна дека ги изневерувала момчињата (фото)

Пејачката Гоца Тржан јавно призна дека го изневерувала својот поранешен партнер додека била девојка.

– Не можам да се сведам на една песна. Има многу делови од мојот живот вградени во многу песни. Знаеш? Делови од моите среќни-несреќни љубови. Додека ја снимав песната и албумот „Грешка“ оставав еден дечко, а веќе бев во врска со друг . Ужас, раскинување! (смеа) Тоа е тоа… Бев девојка, си играв – изјави Гоца Тржан.

– Кога, на пример, ја снимив песната „Нечија среќа“ бев во процес на развод. Таа ситуација е всушност мојата тага овде. Моето дете е мојата тага, всушност, засекогаш. Таа страда, на некој начин, поради тоа. Дури и песната „Келнерка“ е дел од мене. Тоа е среќна песна, јас сум среќна жена – додаде пејачката.

– Ја имам и мојата темна страна,која е многу темна. Јас сум двоен Рак во хороскопот, имам емоција која е тешка, напорна, барам многу внимание – изјави Гоца Тржан за подкастот „Живот на ноти“.

– Песната „Жена за една ноќ“, кога ја слушнав, реков: „Ова е моја работа, готово“. Така ги чувствувам песните – заклучила Гоца во таа прилика.

Фото: Принтскрин/Instagram/gocatrzan

 

To top