Познатиот пејач и композитор Жељко Јоксимовиќ (50) на социјалните мрежи сподели фотографиите за кои се зборува.
Имено, тој ги фотографирал своите деца како ентузијастички гледаат во идиличната сцена околу нив.
Жељко Јоксимовиќ почувствува потреба на сите да им покаже што снимил, а со својот потег ги воодушеви фановите.
– Без филтер, магично зајдисонце! – напиша тој во описот на објавата на социјалната мрежа Инстаграм.
Жељко од првиот брак со Весна ја има ќерката Мина, додека од вториот брак со Јована го има синот Коста и наследниците Срна и Ана.
Додека пак, братот на Жељко, актерот Саша Јоксимовиќ неодамна откри детали од нивното воспитување.
– Тој е девет години постар од мене и порано почна со музика, а јас почнав да глумам. Некако, Ваљево те влече да ја негуваш таа културна нота и да се занимаваш со некаква уметност. Слушав многу музика, слушав рап музика и во еден момент тој ми ја зеде и ми ја скрши таа една и единствена касета. Му бев многу лут. Тој не можеше да се концентрира на правење музика, живеевме во куќата, тој беше на првиот кат, јас бев на приземје – изјави тогаш Саша.
Фото: Принтскрин/Александар Димитријевиќ/Инстаграм