Познатиот пејач и поранешен фронтмен на групата „Бијело дугме“, Жељко Бебек доживеа непријатност на неодамна одржаниот концерт по повод 50 години кариера. Тој настапувал во Виена, кога доживеал незгода, поради што паднал среде бина.
Додека носел мегафон во рака и се приближувал кон публиката, Бебек наеднаш колабирал. Кога се обидел да стане, повторно изгубил рамнотежа и паднал, а видеото од несреќата ги преплави социјалните мрежи.
На крајот, пејачот некако дошол до клавијатуристот и се држел за него, бидејќи очигледно имал проблем да остане на нозе.
По ова многу обожаватели се исплашиле за состојбата на пејачот.
Željko Bebek pada po bini pic.twitter.com/HQNwZNOVuu
— Rade Fantastični (@RFantasticni) November 27, 2023
И додека едни тврдат дека Жељко „испил половина кафеана“, како што пее во една од неговите песни, други се расправале и го бранеле во коментарите, тврдејќи дека е јасно дека се сопнал, а други коментирале дека „можеби има проблем „..
Фото: Принтскрин/Twitter/Instagram/zeljkobebek