Радио Милева имат - немат уплав...

Жанко – З’Ш се покажа голем маж: Водителот со храбар став – „Мечка страв, мене не страв“ (ВИДЕО)

Жанко – З’Ш се покажа голем маж: Водителот со храбар став – „Мечка страв, мене не страв“ (ВИДЕО)

Познатиот охридски радио и ТВ водител Жанко З’ш Голабоски меѓу останатото важи и пасиониран љубител на природата. Нема годишно доба кое може да го запре или спречи, Жанко да не замине некаде…

Најчесто по ледините и планините на Македонија, каде ужива во сета природна убавина на родната таковина, иако знае да му ја летне и надвор од неа , до соседството од каршија, нешто малку појужно, па и малку подалеку.

Кога е на асфалт или барем на земјена подлога на која може да се вртат педалите, велосипедот му е секако најверниот пријател. Кога за јавање точак нема услови, нозете добро извежбани од вртењето педали, Жанко максимално ги користи без да ги жали. Есента е секако иделно време за прошетка низ планина, па охридскиот водител тргна да ужива во есенската идила.

Сувото есенско лисје крцка под нозете, а по некое паднато стебло добро му доаѓа кога уморните нозе треба да се одморат. И таман го извади фотоапаратот за да направи уште по некоја идилична фотографија среде пожолтената природа, кога на жанко нешто почна да му шушка.

Задскриен зад стеблото со очи ширум отворени водителот наеднаш се стаписа кога сфати со кого тргнал на визита в планина. Друштвото мошне симпатично, ама нималку пријатно ако иумаш блиска средба со него. Или сопоточно со неа, з’ш во прашање беше единка на кафеава мечка, која изгледа го намириса неканетиот гостин на нејзина територија, па тргна да го пронајде, за да му изрази – „срдечно добредојде“!

Жанко онака задскриен  зад стеблата тргна да го овековечи моментот, ама кога мечката тргна кон него, никако не му беше сеедно. И таман баба меца се приближи, кога виде со кој треба да си има работа – налево круг и му ја скубна назад во шумата.

 

З’ш кај Жанко „немат – имат“ страв… Имат снемано, па оттаму и изреката: „Мечка страв – мене не страв“ се покажа како апсолутно вистинита.  З’ш Жанко се покажа голем маж, па од него и мечката избега во шумата! Е сега, дали животното беше се погодило плашливо, па се уплашило или можеби водителот му заличил на некое „шумско страшило“…?

До душа после тоа, откако мечката си замина, храброста требаше да се поткрепи и со едно ж’лто ракииче…

Колку за душата да остане наместо, собрана во едно парче!

З’ш наскоро почнува и снимање на петтата сезона на македонското музичко ТВ фолк шоу, „ИмаТ – НемаТ“, па  пред стартот да бараат нов водител, никако не чини… Од, скраја да е,  бизарни причини!

Фото и видео: Инстаграм и Фејсбук/Zanko Zsh Golaboski

To top