Радио Милева емотивна разделба

„Жал ми е “:  Слоба Радановиќ ја прекина соработката со момците од неговиот бенд  (фото) 

„Жал ми е “:  Слоба Радановиќ ја прекина соработката со момците од неговиот бенд  (фото) 

Угледниот пејач Слоба Радановиќ на Инстаграм го објави прекинувањето на соработката со бендот.

Радановиќ и момците од бендот соработуваа со години, но дојде до прекин во соработката, причината за прекинот на соработката не и е позната на јавноста, но пејачот им посака многу успех во иднина .

Слоба на својот Инстаграм профил сподели емотивна порака во која им се заблагодари на членовите на бендот за годините во кои соработувале и истакна дека споменот на нивната работа секогаш ќе го носи во своето срце.

–  Благодарам за деновите, годините и километрите патување и непроспиените ноќи, настапите, смеата… Знаете дека ви посакувам се што си посакувам за себе. Се надевам дека другите ќе ве ценат и почитуваат исто како и јас, а верувам дека тоа ќе го направат затоа што сте врвни музичари. Жал ми е што заминувате, но секој си го избира патот и што е најдобро за него… Убаво беше – изјави Радановиќ.

Фото: printskrin/instagram/slobaradanovic

To top