Започна вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“, а во првата емисија настапуваше македонската претставничка Андријана Петрушовска (21) од Скопје.
Aтрактивната Македонка се претстави со песните „Брод што тоне“ и „Мили мили“ и ги освои сите шест гласови на жирито и со тоа помина директно во третиот круг.
-Првата песна беше маестрална, без грешка, за втората не сум сигурна дека е за натпреварување, изјави Марија.
-Нема интонација низ целата песна, изјави Цеца.
-Ти доби вкупно шест гласа и покрај тоа што имаме забелешки, јас имам забелешки на втората песна, изјави Ана Бекута.
-Ти си убиец за ова што го покажа, изјави Вики Миљковиќ.
-Првата песна е една од најубавите интерпретации, втората песна е полна со енергија, но нема хармонија, изјави Мили.
-Јас сум многу задоволен, се што ти кажаа како критика беше добронамерно, заклучи Ѓорѓе Давид кој е ментор на македонската претставничка.
На крајот, Поповиќ ја замоли Андријана да се обрати на македонски и да го каже својот впечаток.
-Сакам да се заблагодарам на коментарите на жирито и на Ѓоле кој што е предобар ментор и многу ни значи тоа што го прави за нас. Навистина е посветен, изјави Андријана.
Нејзиниот настап погледнете во видеото подолу на 2: 19: 07.
фото: принтскрин/јутуб/звезде гранда