Шармантната ТВ водителка која од понеделник до петок им посакува добро утро на гледачите на Канал 5, Милена Антовска, на Василиц славеше и роденден.
Славеничката од раните утрински часови беше роденденски расположена на своето работно место радувајќи се на престојниот ден.
„Нормално ли е да се радувам како мало дете затоа што ми е роденден?“, се праша водителката во едно видео кое го објави во кусите приказни на „Инстаграм“.
Поради коронавирусот Антовска роднеденот го прославила без големи помпи и собирања, во кругот на семејството.
Славењето всушост таа го започна уште во раните утрински часови во студиото на утринската програма, каде позираше во ултра кусо црно фустанче, кое максимално ги истакна нејзините долги, затегнати нозе.
Прво позираше „мртва сериозна“ седната на софата во студиото, а потоа позираше и со насмевка на лицето.
„Прво озбилна“, напиша Милена покрај фотографијата.
„После насмеана од уво до уво“, напиша покрај втората објава.
Милена Антовска доби еден куп честитки по повод нејзиниот роденден, но сигурно доби и многу комплименти за изгледот… Особено за нејзините долги нозе… „уз врат“!
Или што би рекол еден познат македонски актер и водител: „Јас да имам такви нозе, би одел на раце… За да не ги арчам!“