Зетот на Жељко Митровиќ, свршеникот на нивната постара наследничка Кристина, е Украинецот Илија, кој е еден од најмладите милијардери во светот.
Како што дознаваат српските медиуми, овој бизнисмен, кој минатата година ја запросил младата Кристина, е наследник на семејната компанија која се занимава со производство на ураниум, па често може да се слушне дека тој всушност е наследник на кралот на ураниумот. Оние што го познаваат младиот пар велат дека семејството на Илија е едно од најуспешните во светот кога станува збор за ураниумот.
Инаку, идниот сопруг на Кристина има и свој бизнис, кој го води во Лондон, каде што живее, но и во Обединетите Арапски Емирати. Има сопствен приватен авион, обезбедување, возачи, како и голем број скапи автомобили, кои ги менува речиси секој ден. Тој и Кристина се запознале додека студирале во Англија. Тој бил еден од најдобрите студенти и зборува неколку странски јазици.
Во Обединетото Кралство, Илија поседува имот во соседството каде што живеат членовите на светскиот џет – сет. Пријателите на парот велат дека нивната љубов е многу силна и дека не се разделиле од моментот кога ја започнале врската.
Фото: Инстаграм принтскрин