Радио Милева братска делба...

Жешкиот танц на Милица Тодоровиќ на роденденот на Анастасија: Фолкерката не се „одлепи“ од братот на Гудељ (ФОТО)

Жешкиот танц на Милица Тодоровиќ на роденденот на Анастасија: Фолкерката не се „одлепи“ од братот на Гудељ (ФОТО)

Анастасија Ражнатовиќ ја собра целата сцена, семејството и пријателите во еден  елитен белградски ресторан, во чие друштво го прослави својот роденден.

Славеничката цело време била видно среќна и расположена, пред се’ поради тоа што сите беа со неа, но и нејзиното момче Немања Гудељ кој само поради неа дојде со семејството од Шпанија.

Меѓу познатите  гости Милица Тодоровиќ беше посебно расположена, која „на прва“ и фати око  братот на Немања,  Драго Гудељ, од кого не се раздели цела вечер.
Милица цело време танцуваше со него, а во еден момент буквално „само што не го јавна“ младиот Гудељ.

„Навистина сакам да танцувам, сега само игравме со Драги и тој танцува одлично. Знаеш колку сакам да танцуам. Драги е топ фраер, а  внатре е многу жешко“ – рекла Милица на паузата додека излегла малку надвор да се олади, а на прашањето дали „гори“ меѓу неа и братот на Гудељ, таа низ смеа одговори:

„Не ме убедувајте да направам нешто сега. Толку е убаво овде што немам зборови. Сите се опуштени и среќни“ – прокоментирала пејачката и влегла внатре.

Фото: Дамир Дервишагиќ/Курир.рс

To top