Статуси со скандалозни содржини осамнаа на Твитер профилот на холивудската дива Џесика Алба која моментално ја следат 9 милиони и 171 000 луѓе.
Имено, додека Алба спиела, некоја личност влегла во нејзиниот профил и почна да објавува пораки кои го фрапираа светот.
„Повторно се слушаат полициски сирени во далечина. Кога ќе престанат да прават лоши работи за да можам да спијам? „Се зборува дека се киднапирани личности за 11 септември“, „Нацистичката Германија не направи ништо лошо“, „Давам 50 000 долари да некој убие лице со посебни потреби“ се некои од пораките објавени на Твитер.
Потоа, се појави порака на која се повикува ослободување на американскиот рапер кој е осуден на смртна казна во двоструко убиство.
Се најдоа и пораки во кои пишува дека жените заслужуваат да бидат убиени.
„Жени мора да сфатите дека Бог го создал силвувањето бидејќи сте послаби од мажите“ гласи еден од твитовите.
Џесика се огласи по повод овие пораки и истакна дека заедно со нејзиниот тим успеала да го врати профилот и да ги избрише пораките.