Радио Милева
баеги прошетана...

„Жена од султана“ на нова егзотична дестинација: Роденденска прослава на автентична локација (ФОТО)

„Жена од султана“ на нова егзотична дестинација: Роденденска прослава на автентична локација (ФОТО)

Судејќи според  објавите на Инстаграм, цицлестата пејачка Тијана Милетијевиќ, попозната како „Жена од султана“ последните месеци ужива на различни светски дестинации.

Од Танзанија, преку Париз, до Абу Даби и сега Истанбул, агендата на шетањ по светот и е очигледно „фул“! Испланирана и исполнета до последниот слободен ден.

Иако има редовни настапи, таа ја користи секоја можност да патува некаде, да ужива во убавините на природата и да си ја одмори душата… па така во моментов е во Истанбул.

Додека престојуваше во градот на Босфорот, Тијана имаше посебна причина за славење, зашто таму го дочека нејзиниот 23 -ти роденден, па со фотографија од познатата „Капали чаршија“  ја поздрави целата популација од оваа популарна дестинација.

Но, точно на полноќ, изненадувањето за неа исто така пристигна.

Овој пат роденденско, во форма на колачи со свеќички и круна со посвета за среќен роденден на Тијана која од Истанбул и не можеше да одбере поавтентична локација за роденденската прослава… Па не попусто е  „Жена од султана“!?

Фото: Инстаграм принтскрин/tijanamilentijevic.official

Останати вести од Радио Милева