Промотер

„Земјо македонска” во изведба на Огнен Здравковски е втората нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме”

„Земјо македонска” во изведба на Огнен Здравковски е втората нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме”

„Земјо македонска”, чиј комплетен автор е легендарната Васка Илиева, според многумина, е неофицијална химна со која се идентификуваат илјадници Македонци. Верзијата на Огнен, односно аранжманот, како и на целиот проект зад кој стои „Скендеровски продукција“, е со потписот на Николче Мицевски.

-Се радувам што Скендеровски продукција се сети на нешто вакво, затоа што само така ќе ги научиме сите претставници на младата генерација да ги сакаат и негуваат овие песни. Чест и задоволство ми е да пеам македонски песни, особено патриотски, за нашата Македонија. Растен сум со музика и со убавата македонска песна. Дедо ми Наско Џорлев има напишано многу македнски рефрени од кои би сакал да одвојам неколку – „Не кажувај либе добра ноќ”, „Фато мори душманке”, „Во Струмица на улица”, „Кажи ле облаче бело”…

Ја одбрав „Земјо македонска” бидејќи ми е една од омилените патриотски песни, а имам и поврзаност со истата. Вујко ми Зоран Џорлев ја преработи по повод одбележувањето на 20-годишнината од независноста во 2011 година кога и ја изведе на централната прослава. Пресреќен сум што имав можност да учам од него да ја негувам, сакам и творам македонска музика. Ме учеше да си ја сакам, чувам и бранам татковината, тој, за жал, повеќе не е со нас, но пресреќен и горд сум што продолжувам по неговиот пат и ветувам дека гордо и со многу љубов и труд ќе го правам тоа, вели Здравковски.

To top