Радио Милева

Жељко Самарџиќ откри детали од силниот земјотрес кој се случи пред неколку дена: „Се тресеше цела куќа“

Жељко Самарџиќ откри детали од силниот земјотрес кој се случи пред неколку дена: „Се тресеше цела куќа“

Неколку дена по ред, не се смирува тлото во Албанија и постојано има земјотреси со различен интезитет. Првиот силен земјотрес кој се случи на 26 ноември однесе многу жртви односно починаа 51 лице,  има повредени и материјални штети,  а истиот беше почувствуван и во Македонија.

Земјотреси со посилни и послаби интезитети имаше и во Црна Гора и Хрватска.

Познатиот пејач, Жељко Самарџиќ открива дека ова не е првпат да почувствува земјотрес. Тој вели дека поради силниот земјотрес заедно со сопругата истрачале од својот дом.

Од силниот земјотрес во Албанија, а кој исто така се почувствува и во Црна Гора, се трсела целата на куќа на пејачот кој во паника истрчал надвор.

фото: дамир дервишагиќ

„Беше утро, спиевме, ме разбуди тресење. Станавме да видиме што се случува, бевме преплашени. Веднаш истрчавме од куќата. Секако, не бевме единствени, сите соседи беа надвор и сите беа исплашени. Не памтам таков земјотрес и страв меѓу сите“ вели Самарџиќ и додава:

„Навистина многу силно тресеше, се тресеше целата куќа. Ние спиевме, но поради силниот земјотрес истрчиме надвор. Навистина лошо искуство. Некои луѓе кои останаа во своите домови настрадаа, а некои останаа без своите куќи и станови, беше опасно“ вели пејачот.

фото: Инстаграм

Жељко додава дека ова не е првпат како почувствувал земјотрес, па ова за него било уште едно трауматично искуство.

„Веднаш знаев дека е земјотрес, бидејќи не е првпат да почувствувам. Доживеав еден во 1979 во Црна Гора, а јас бев во Мостар, но и таму се почувствува. Исто така се сеќавам на еден земјотрес во Скопје во 1963 година, бев мал, но се сеќавам одлично“ вели пејачот.

To top