Радио Милева евровозиска прогноза

Жељко Јоксимовиќ го кажа своето мислење за Констракта: Еве што и типува двојниот евровизиски претставник (ФОТО)

Жељко Јоксимовиќ го кажа своето мислење за Констракта: Еве што и типува двојниот евровизиски претставник (ФОТО)

Пејачот Жељко Јоксимовиќ двапати ја претставуваше Србија на Евровизија, во 2004 година со песната „Лане мое“ со која го освои второто место, а во 2012 година со песната „Није љубав ствар“ со која го освои третото место.

Јоксимовиќ како успешен српски претставник сега ја коментираше Ана Ѓуриќ – Констракта која во мај ќе ја е претставува Србија во Торино со песната „In corpore sano“ со која предизвика вистинска бура од коментари!

„Според мене, тоа е нешто сосема ново, нешто што води кон победа. Таа е  изненадување за сите! Тоа е повеќеслојна песна и има многу пораки.  Но, не сум сигурен дали сите луѓе ги виделе главните пораки и ги протолкувале на вистински начин“ – рече Жељко и додаде:

 

„Кога ја слушнав немав комплетна слика, но кога  ја гледав  и слушав во исто време, тогаш слика ми беше појасна. Мислам дека ова е концепт кој многу лесно може да победи на Евровизија, без разлика што велат обложувалниците. Сигурен сум дека ќе биде на првите три места“ – изјави Јоксимовиќ за Екстра ФМ.

Фото: Инстаграм принтскрин/#жељкојоксимовић/konstrakta

 

 

To top