Гласањето на Евровизија е највозбудливот дел, а не се сомневавме дека Србија како наши соседи ќе ни доделат 12 поени на финалната вечер, но нашето жири не возврати на истиот начин за претставничката на Србија.
Едни од најголемите музички ѕвезди во Србија, а некои од нив и искусни евровизиски учесници, ја подржаа Македонија и нашата годинешна претставничка во Израел – Тамара Тодевска и песната „Proud“.
Тие несебично уште за време на изведбите на песните на своите профили на Инсатграм споделуваа пораки со кои упатија апел до Србите да гласаат за Македонија, а по завршетокот и финалниот пласман и честитаа на Тамара и македонскиот тим.
Жељко Јоксимовиќ кој има голема евровисика позадина како претставник, но и како композитор на некои од српските евровизиски песни за Тамара напиша:
-За мене ти си победничка Тамара Тодевска- порачува Јоксимовиќ.
Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ исто така се приклучи на честитките и кратко напиша:
-Браво Тамара Тодевска!
И Марија Шерифовиќ не заобиколи да нагласи дека Тодевска и Македонија беа гордоста на вечерта.
-Напред девојки, пишува во објавата на Марија, која исто така ја повика Србија да гласа за својот сосед.