Поранешната водителка и учесничка во реалните шоуа, старлетата Тамара Ѓуриќ решила да си го поправи делот од лицето од кој не била задоволна.
Имено, Ѓуриќ објави видео од операционата сала и откри дека решила да си го среди носот поради што беше мета на потсмев, но и самата признала дека имала проблеми.
„Збогум Мајкл Џексон“ – напиша Ѓуриќ на Инстаграм, асоцирајќи на изгледот на нејзиниот нос и лицето по претходната операција кај еден естатски хирург, за кој првично тврдеше дека ја унакажал затоа што старлетата не сакала „да легне“ со него.
Тамара потоа го тужеше естетскиот хирург бидејќи и зел 10.000 евра, а носот не и го направил каков што таа посакувала.
„Не реков дека ми го изобличи носот затоа што не сакав да спијам со него. Само реков дека не сакам да си го видам носот, само сакав да ми каже дали може да го реши. Времето помина, но носот остана кренат. Тој вели дека не е грешка, така требало да изгледа. Тоа не беше дел од нашиот договор. Споредбата со Мајкл Џексон е многу честа. Самата најдов сличности“ – изјави Тамара неодамна во „Ново викенд утро“ кај Јована Јеремиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин/tamarastar89