Познатиот екс југословенски пејач, славонецот Крунослав Киќо Слабинац почина денеска, а медиуми откриваат која е жената на која пред 46 години и ја посвети песната „Због једне дивне црне жене“.
Станува збор за Мирјана Антонијевиќ која во јавноста е позната по скандалот со српкиот пејач Мирослав Илиќ, откако тврдеше дека тој е татко на нејзинито син. Пејачот со години одбиваше ДНК анализа, а двајцата завршија на суд.
Мирјана живеела во Америка кога Кичо ја запознал додека бил на турнеја. Стиховите од песната ги напишал во авион додека се враќал од Америка за Загреб, а музиката еден ден подоцна.
Во една прилика Кичо изјавил дека често на неговите концерти таа имала место во првиот ред и при изведување на оваа песна тој застанувал пред неа да пее.
Мирјана ја потврдила оваа приказна истакнувајќи дека и е мило што песната и е посветена.