Оваа сабота започнува третиот круг на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Во третиот круг кандидатите ќе настапуваат во дуели, а меѓу нив ќе има и наши претставници како што се Огнен Здравкоски, Мартинијан Кириловски, Елена Миленковска, Филип Пецовски, Стефан Величковски, Адам Лабунски, Ангел Јовевски.
Претходната недела се влечеше ждрепка и секој кандидат доби противник, а Ангел Јовевски од Радовиш се падна да пее против Јован Марковиќ.
Деновиве во студиото на „Гранд“ се снимаше четвртиот круг, а Ангел не ги добил доволните гласови за да помине понатаму.
„Испаднав другари. Добив 4 од 5 гласа и во бараж испаднав. Јас сум презадоволен од мојот настап. Ви благодарам на поддршката што ми ја дававте во изминатиот период, благодарност и до мојот ментор Марија Шерифовиќ. Одиме напред со нови сили, со нови проекти“ напиша Јовевски на „Фејсбук“.
Како се преставил овој Македонец останува да видиме во некоја од следните емисии.